„Неколку Руси“ се одговорни за нападот врз Скрипал и неговата ќерка – ММС
ММС

Објавено на: 07/19/18 7:15 AM

„Неколку Руси“ се одговорни за нападот врз Скрипал и неговата ќерка

Британските истражители веруваат дека откриле осомничени лица, одговорни за нападот врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

Според истражителите во нападот вмешани се „неколку Руси“. Истражителите до тој податок дошле со детален преглед на безбедносните камери и анализа на податоци, кој влегол во Велика Британија приближно во времето на напад врз Скрипал и неговата ќерка.

Скрипал и неговата ќерка во март годинава беа отруени со нервен гас Новичок, за кој официјален Лондон тврди дека се произведува единствено во Русија. Тие двајцата неколку недели беа во болница, додека односите помеѓу Москва и Лондон се влошија.

Пред неколку дена во близина на Солсбери пронајдени се маж и жена отруени, исто така со Новичок. Даун Стурџис (44) почина во болница осум дена опо труењето, додека лекарите и понатаму се  борат за животот на 45-годишниот Чарли Роули.

Според британските медиуми, Стурџис била изложена на десетпати поголема количество нервен гас од тоа што било употребено во случајот на труење на Скрипал и неговата ќерка.

 

Извор:МИА