ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска се крие зад лица на кои судот им го одземал сертификатот – ММС
ММС

Објавено на: 01/19/21 5:31 PM

ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска се крие зад лица на кои судот им го одземал сертификатот

Шекеринска повторно се крие зад соопштенија и портпароли, наместо да излезе и да каже зошто Македонија 2 ипол години нема највисок воен претставник во НАТО!

Шекеринска не одговори ниту зошто и ги враќаат луѓето кои ги праќа во НАТО.

Во паника и нервоза, кршејќи го законот за класифицирани информации, офицерот од МО изнесе класифицирана информација во партиска функција.

И покрај тоа што Ковачки не спомна идентитет на лица, се истрча да каже дека Ковачки е потпишан на некој сертификат на едно од лицата.

Очигледно е дека се нема доволно познавање од законската регулатива според која, единствено Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации издава безбедносен сертификат. (член 49).

Тоа што Шекеринска преку нејзиниот портпарол го кажа во никој случај не е за политички прес и во најмала рака требаше да пушти друго лице да зборува на темата.

Имено, тоа лице кое Шекеринска го пуштила да зборува за безбедносни сертификати, во 2012 година од Суд е одбиено за сертификат.

Шекеринска од час во час ја загрозува АРМ и НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ