Гувернерот на Мејн истакна дека Балканот има проблеми, но сите ја сакаат Црна Гора – ММС
ММС

Објавено на: 07/19/18 7:08 AM

Гувернерот на Мејн истакна дека Балканот има проблеми, но сите ја сакаат Црна Гора

Сите ја сакаат Црна Гора без оглед на тешкотиите на Балканот во изминатите години, изјави гувернерот на американската сојузна држава Мејн, Пол Лепејџ.

– Тоа е добро, затоа што ако Црна Гора е пријател на сите, Мејн сака да биде партнер на Црна Гора, рече Лепејџ за време на посетата на Подгорица, информира официјалната интернет страница на американската Амбасада во градот.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека народот во Црна Гора е „многу агресивен“.

– Црна Гора е мала држава со многу силни луѓе. Тие се многу агресивни луѓе, можат да станат агресивни и тогаш, честитам, ние сме во Трета светска војна. Меѓутоа, тоа е начинот на кој функционира НАТО, изјави американскиот претседател за „Фокс Њуз“ во врска со Алијансата.

Црна Гора и Мејн имаат партнерство кое трае веќе 12 години, а прво, како што кажа гувернерот, партнерството почна како помош при природни катастрофи и при управување со вонредни ситуации, како и во областа на безбедноста на границите и соработката со полицијата.

– Сметам дека како што се развива соработката, така влегува во нова фаза. Пред се мислам на соработката во областа на образованието, културата и економијата. Се надевам дека нашите две држави, Мејн и Црна Гора, ќе развијат добри економски, трговски односи. Ние наскоро ќе почнеме со продажба на црногорски вина во Мејн, така што го почнуваме и тој вид соработка, рече Лепејџ.

 

Извор:МИА