Орбан го избрка Сорос, па Унгарија, првa во ЕУ, донесе кинески универзитет – ММС
ММС

Објавено на: 01/19/21 3:31 PM

Орбан го избрка Сорос, па Унгарија, првa во ЕУ, донесе кинески универзитет

Кинески универзитет се отвора во Будимпешта како прва кинеска високообразовна установа во Европската Унија, а унгарската Влада на чело со Виктор Орбан, во знак на добредојде, на Кинезите ќе им донира 2,2 милиона евра за универзитетскиот кампус. Новата високобразовна институција, подружница на Универзитетот „Фудан“ од Шнгај, својата врата треба да ја отвори за студенти од 2024 година, пишува „Financial times“, а пренесува „Јутарњи лист“.

Места за новата образовна институција и за нејзините стипендисти има. Само една година и шест месеци порано, од Будимпешта беше истеран Северноевропскиот универзитет што го финансираше либералниот милијардер со унгарски корени, Џорџ Сорос, а таа високобразовната установа во Будимпешта работеше 30 години.