Може да ослабете гледајќи хорор филмови!-Филм со траење од 90 минути согорува 113 калории – ММС
ММС

Објавено на: 01/19/21 3:34 PM

Може да ослабете гледајќи хорор филмови!-Филм со траење од 90 минути согорува 113 калории

Можете да изгубите од тежината со гледање хорор филмови!

Седнете си удобно во фотелјата, земете го далечинскиот управувач  и слабеењето може да започне!!

Причината поради која сакаме да гледаме хорор филмови е чувството на возбуда што се јавува кога ќе го процениме нивото на закана и која  има моќ да нè испаничи и да нè заплаши.

Истражувачи од Универзитетот во Вестминстер откриле дека хорор филм во траење од 90 минути може да согори до 113 калории.

Тоа било исто како да сте пешачеле половина час.

Итражувачот, Д-р Ричард Мекензи изјавил  дека секој од 10-те тестирани хорор филмови предизвикал  забрзување на пулсот. Како што пулсот се забрзува, крвта тече побрзо низ целото тело, а телото доживува наплив на адреналин.

Токму ова ослободување на адреналин  што се создава по интензивен стрес (во овој случај предизвикан од страв), го намалува апетитот, го забрзува метаболизмот и на крај, согорува повеќе калории.

Ова е листата на филмови кои согоруваат калории

1. The Shining – 184 калории

2. Jaws – 161 калории

3. The Exorcist – 158 калории

4. Alien – 152 калории

5. Saw – 133 калории

6. A Nightmare on Elm Street – 118 калории

7. Paranormal Activity – 111 калории

8. The Blair Witch Project – 107 калории

9. The Texas Chainsaw Massacre – 105 калории

10. [ Rec ] – 101 калории

Лошата вест е дека овој ефект дефинитивно нема да има  смисла ако се наполниме  со слатки и закуски за време на филмот.

svetplus.com