Наспроти најавите на министерот за економија Крешник Бектеши, угостителските објекти ќе имаат три часа повеќе за работа од четврток, 21-ви јануари.
Владата на денешната владина седница ги разгледла епидемиолошките насоки, при што е донесена одлука дека почнувајќи од 21 јануари, угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот.
-Со оваа одлука завршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензиските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети, соопшти Владата.