(Видео) Попот од јахта го фрли крстот, верниците пред време запливаа – Во Перт нема корона, одржано чествувањето на Водици – ММС
ММС

Објавено на: 01/19/21 1:42 PM

(Видео) Попот од јахта го фрли крстот, верниците пред време запливаа – Во Перт нема корона, одржано чествувањето на Водици

Македонците во австралискиот град Перт традиционално го фрлаа крстот во водите на реката Сван, а осветениот крст го фати Бојан Димоски. Во Перт, Австралија е лето и уште поголемо задоволство беше за верниците да се фрлаат во водата. Во Западна Австралија пандемијата со корона е ставена под контрола, па немаше никаков проблем да се продолжи традицијата со фрлање на крстот , на овој свет ден.

Над стотина верници,заедно со отецот Станко Јовановски, кој литургијата ја спроведуваше од јахта ги поддржаа момчињата кои нестрпливо чекаа крстот да биде фрлен. Од што беа нестрпливи, дури и предвреме се фрлија по него, па отецот беше приморан да ги врати назад. На крајот, му се посреќи на Бојан Димоски, кому сите му честитаа.

За многу години Водици! Прекрасен ден покрај реката Сван, Перт, Западна Австралија.

Posted by Macedonian Australian Community Organisation “Vardar” on Monday, January 18, 2021