(галерија) Специјалците на снег ја покажаа подготвеноста – ММС
ММС

Објавено на: 01/19/21 1:27 PM

(галерија) Специјалците на снег ја покажаа подготвеноста

Специјалците од Единицата за брзо распоредување (ЕБР) на Пониква изведоа вежба, во која полициските службеници претставија случај за совладување на активен отпор, самоодбрана при напад на лица сторители на кривични дела и нивно лишување од слобода, како и операции на растурање на толпа при нарушен јавен ред и мир во поголем обем.

Во зимско-рекреативниот центар на МВР на Пониква, се одржаа четири показни вежби од страна на Единицата за брзо распоредување и од Единицата за специјални задачи при Одделот за специјални полициски операции на Бирото за јавна безбедност.

Полициските службеници од Единицата за специјални задачи при Одделот за специјални полициски операции во избраните показни вежби демонстрираа техники и тактики на обезбедување на високи домашни и странски функционери.