Ова го сметаме за притисок, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина, чии активност е особено видлива последните месец – два, откако преку изречените мерки, се бара стриктно почитување на еколошките стандарди во работењето на капацитетите.
-Околу 12:00 часот на полноќ, на 18-ти наспрема 19-ти јануари 2021 година, поголем број медиуми добиле стари соопштенија испратени од е-мејл адреси на Државниот инспекторат за животна средина. Според првичните информации, во консултации со стручни лица, потврдено е дека станува збор за хакерски напад во е-мејл платформата, соопшти Инспекторатот.
За вработените нема дилема дека е обид за притисок.
-Овој настан го сметаме за притисок врз работата и сакаме да ја известиме целата јавност дека ќе продолжиме со извршување на нашата работа, на транспарентен и отчетен начин, упорно и неселективно, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина.