Ниту лукот не можел да го спаси Левандовски од „носот“ на Јурген Клоп – ММС
ММС

Објавено на: 01/19/21 12:39 PM

Ниту лукот не можел да го спаси Левандовски од „носот“ на Јурген Клоп

Напаѓачот на полската репрезентација со насмевка се потсетува на периодот кога Борусија Дортмунд предводена од Јурген Клоп играше неверојатен фудбал, освојувајќи титула во Бундеслигата и играјќи финале во Лигата на Шампионите.

Роберт Левандовски за „The Players’Tribune“ раскажа кратка и навистина интересна приказна поврзана со актуелниот стратег на Ливерпул кој според неговите зборови, не можеш никако да го измамиш. Алкохолот можеби можеш да го неутрализираш со огромна количина на лук, но алкохолот не можеш да го сокриеш од Германецот по никоја цена.

-Кога пиеш многу алкохол, класичниот трик се состои во тоа да изедеш многу лук следното утро. Така што здивот нема да ти мириса на алкохол. Еден ден, Јурген дојде порано на тренинг и наеднаш почна да „намирисува“ наоколу. „Мирисам нешто…дали е ова лук?“ Секако дека тој го знаеше она што го знаев и јас. Остави да виси во воздух прашањето и мирно си замина. Беше тивко за момент. Потоа се погледнавме сите и почнавме да се смееме. Лекција: никогаш не се обидувај да го надмудриш Клоп, тој е препаметен, изјави шпицот на Баерн Минхен.

Борусија Дортмунд токму од сегашниот клуб на Полјакот загуби во финалето од Лигата на Шампионите во 2013 година со 2:1 по продолженијата.

 

 

 

 

Фото:

goal.com