Што сликате? Пазете што ќе кажете! И доста веќе со лажичката! Бог штити од вирусот, дали сте слушнале дека некој се заразил од црква за овие десет месеци? Вака дел од верниците утрово ја пречекаа нашата екипа во црквата „Св. Илија“ во скопската населба Јане Сандански, кога се обидовме да направивме репортажа на овој убав ден, но место тоа кога забележаа дека ја сликаме турканицата пред осветената вода.
Црквата е место каде треба да има тишина и спокој, да се слави Бог на овој убав ден, но место тоа се претвори во пазарски расправии на дел од верниците со новинарите.
За разлика од други години, во оваа црква немаше многу народ, но дел од верниците не беа стрпливи да причекаат да им дојде редот за вода, па иако со маски, тие се туркаа кој попрв да наточи од светата вода.
Реагираше е дел од свештенството, кое ги опомена дека не треба да создаваат неред, вода има за сите, додека полицијата стоеше мирно отстрана.
Но, очигледно дека дел од нив не дојдоа да го слават големиот празник и да запалат свеќа, туку да ја истресат негативната енергија, без оглед што местото и денот е за молење за мир во душата и за здравје во ова невреме.
Се нарекуваат верници, а со свеќа во рацете, во двор на духовен храм се расправаат како да се на пазар.