Разбирливо без кожни панталони и раскопчана кошула, но со многу шарм и зелена боја на себе, папагалот ја пее легендарната „Stairway to heaven“ од „Лед Цепелин“ додека неговиот другар-сопственик ужива во звуците на акустичната гитара.
Навидум измислена сцена, сцена од некој анимиран, цртан филм. На втор поглед, сосема реален приказ од рокерска птица која во занес „фаќа високи ноти“.
Уживајте во препевот на кој Роберт Плант и Џими Пејџ би биле со сигурност горди.
If you’ve already seen a parrot singing Led Zeppelin today just keep on scrolling…pic.twitter.com/UjewCOflIx
— Rex Chapman🏇🏼 (@RexChapman) January 18, 2021
Фото:
atlantic.ctvnews.ca