Што ни вреди да бидеме здрави ако соседите имаат безброј проблеми, вели Вучиќ за вакцините за Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 01/19/21 10:40 AM

Што ни вреди да бидеме здрави ако соседите имаат безброј проблеми, вели Вучиќ за вакцините за Македонија

Помошта за Македонија од 8000 вакцини е братски и пријателски потег од Србија и ја покажува одговорноста на Србија, која знае дека не живее во „затворен суд“ туку и се важни и соседите. Да одговорам на природен и пристоен начин – Што вреди да бидеме сите здрави ако соседите имаат безброј проблеми? Ние можеме да бидеме среќни и задоволни доколку соседите ни се задоволни, рече Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање на неговото обраќање по седницата на државниот врв и Оперативниот тим за вакцинација.

Српскиот претседател од денеска најави масовна вакцинација со кинеската вакцина. Запрашан како ЕУ реагирала за кинеските вакцини, Вучиќ рече дека немало никакви реакции.

– Што ќе ми кажат? Зошто ја зедов? Треба ли да ми биде поважно да ме пофалат во Брисел или животот на граѓаните во Србија. Еден живот на граѓанин во Србија ми е поважен од сите пофалби. Ако ме критикуваат што спасувам животи тогаш само напред, но никој тоа нема да го направи, очекуваме уште вакцини и додатна поддршка. Паметно постапивме што освен на механизмот на нашата држава добро го познавам и механизмот на работа и управување во Брисел и светот. Затоа на време ги водевме сите разговори околу вакцините и направивме добра работа за нашиот народ. Знаете што вакцината ќе значи за нашата економија во однос на нивната, рече Вучиќ.