Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, најави дека од денес започнува масовна вакцинација на населението. Медиумските работници, армијата и припадниците на Министерството за внатрешни работи денес ќе ги „засукаат ракавите“ со цел да се превенира дополнителното ширење на коронавирусот во оваа земја.
Од утре вакцинацијата започнува и за просветните работници, а премиерката апелираше уште еднаш на поголем одзив.
-Посебна молба упатувам кон просветните работници да се пријават во што поголем број за вакцинација. Тоа е единствен начин да се овозможи тие подобро да ја извршуваат својата работа, чувајќи го своето здравје и здравјето на нивните емејства, пренесува „Tanjug“.
Според информациите на Министерството за здравство, кај нашиот северен сосед пријавени за вакцинација се 324.728 луѓе.
Фото:
rs.n1info.com