Новоизбраната американска потпретседателка Камала Харис поднесе оставка од сенаторската функција – ММС
ММС

Објавено на: 01/19/21 7:37 AM

Новоизбраната американска потпретседателка Камала Харис поднесе оставка од сенаторската функција

Новоизбраниот потпретседател на Соединетите Американски Држави (САД) Камала Харис поднесе оставка на функцијата сенаторка на Калифорнија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Харис за два дена би требало да биде инаугурирана на функцијата американска потпретседателка, а денес поднесе оставка на позицијата сенаторка на Калифорнија.

Таа во писмото за оставка наведе дека и била чест да му служи на народот на Калифорнија во изминатите четири години од сенаторскиот мандат.

Со големи безбедносни мерки во Вашингтон се вршат подготовките за церемонијата на инаугурација на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и потпретседателата Харис. Инаугурацијата е најавена за 20 јануари.