Дешифрирајте го партнерот: Што кажува неговиот начин на однесување? – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/21 11:53 PM

Дешифрирајте го партнерот: Што кажува неговиот начин на однесување?

Во обид да дознаат повеќе за нивниот начин на изразување и за говорот на телото, научниците спроведоа истражување, чии резултати ќе им помогнат на жените подобро да ги разберат мажите.
Кога следен пат ќе има проблем со толкувањето на однесувањето на вашиот партнер, не двоумете се да се „посоветувате“ со следниот водич за дешифрирање.

Мажот и’ праќа цвеќе на жената?
Тоа зависи од приликата, односно причината поради која и’ се праќа цвеќе на жената. Во повеќето случаи, мажот кој праќа цвеќе е романтичен и тој ужива во својата улога, па поради тоа е и малку старомоден. Се работи за воспитан и срдечен маж.

Мажот на жената и’ подарува накит?
Повторно, се работи за маж кој малку е старомоден, но тој сепак сака на својата партнерка да и’ купува убави работи и да ја гледа среќна. Сака да и’ подарува работи и тоа е начинот на кој размислува – смета дека ваквите постапки може да ја усреќат неговата партнерка.

Мажот и’ праќа смс штом се разбуди?
Ако партнерот ви праќа смс порака веднаш штом ќе се разбуди, тоа значи дека постојано сте му во мислите. Од друга страна, ако има навика да ви праќа смс пораки во два часот по полноќ, нему само секс му е на памет. Тоа значи дека ве смета за своја лична секс играчка.

Мажот ви носи храна или готви за вас?
И ова е романтичен гест. Со ова тој сака да ви даде до знаење дека ужива да се грижи за вас.

Што кога мажот е молчелив?
Не грижете се, Дајте му ден или два и не барајте го постојано, бидејќи така само уште повеќе ќе го оддалечите од себе. Ако молчи и по неколку дена, прашајте го што се случува и дали можете некако да му помогнете.

 

Извор:  republika.rs