Родители одбиле да му го одредат полот на детето, кое по четири години одлучило да биде „тој“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/21 10:01 PM

Родители одбиле да му го одредат полот на детето, кое по четири години одлучило да биде „тој“

Д-р Кајл Мајерс и нејзиниот сопруг Брент пред четири години добиле дете. Одлучиле дека нема да му го одредат полот, односно му го дале името Зумер, без да им откриваат на луѓето информации во врска со неговите гениталии. Идејата била да му дозволат на сопственото дете, кога ќе порасне, самото да се изјасни дали е машко или женско.

„Користевме родово неутрални заменки се’ додека нашето дете не можеше да каже што најдобро му/и’ одговара. Зумер и понатаму учи и истражува за полот без стереотипни очекувања или ограничувања“, вели Мајерс.

„Зумер разбира дека некои девојки имаат пенис,  а некои момчиња вагина. Исто така знае дека некои деца имаат вагина и тестиси. Јасно му е и дека некои татковци може да забременат. Кога ликот во детската емисија вели ‘здраво момчиња и девојчиња’, Зумер додава и ‘небинарни пријатели’“, објаснува мајката во интервју за Time.

Д-р Кајл верува дека полот е одлука на поединецот, а не нешто што е одредено со раѓањето. Зумер околу четвртиот роденден почна да се опишува како момче, но претпочита родово неутрални изрази како што се „дете“ или „браќа“ наместо „брат и сестра“.

„Зумер ги бира облеката и играчките според она што го сака и посакува, а при тоа не обрнува внимание на родовите граници што се создадени од маркетиншките тимови“, појаснува Кајл додавајќи дека постојат примери на вознемирување по пат на интернет, но и несоодветни коментари од страна на непознати луѓе.

Кајл води и блог преку кој споделува информации за родово креативното родителство.

 

Фото: Instagram/  kyl_myers

Извор:  index.hr