Кина воспостави санкции врз американските официјални претставници поради прашањето за Тајван – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/21 8:05 PM

Кина воспостави санкции врз американските официјални претставници поради прашањето за Тајван

Кина денеска најави дека ќе воспостави санкции врз американските официјални претставници во врска со нивното однесување со прашањето за Тајван, јавува агенцијата Анадолија (АА).

„Кина одлучи да воспостави санкции во врска со американските официјални претставници кои постапија лошо во врска со прашањето за Тајван“, изјавила на прес-конференцијата во Пекинг портпаролката на Министерството за надворешни работи, Хуа Чунинг, според државната новинска агенција „Глобал тајмс“.

Овој потег се случи неколку дена откако САД ги намалија ограничувањата за контактите меѓу американските и тајванските претставници.

Државниот секретар, Мајк Помпео, на 9 јануари ги нарече неважечки самонаметнатите ограничувања на американските дипломати, членовите на службата и другите службеници со колегите од Тајван.

Пекинг го смета Тајван – официјално познат како Република Кина – за отцепена провинција, но Тајпеј инсистира на неговата независност од 1949 година и има дипломатски односи со 16 земји и региони.

САД формално ја признаа Кина во 1979 година и со „Три коминикеа“, ги префрлија дипломатските односи од Тајпеј во Пекинг, признавајќи ја политиката „Една Кина“ и на тој начин го вклучија Тајван како дел од Кина.

Сепак, неодамна го зголемија својот ангажман со Тајван. Минатиот август, американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Алекс Азар, стана највисок американски политичар што одржувал состаноци на островот во последните неколку децении.

Исто така, САД одобрија продажба на оружје на Тајван во вредност од милијарди долари во 2020 година.