Познатиот сопственик на школа за актерство, Мирослав Мика Алексиќ денес е сослушан пред судот – пренесоа српските медиуми. Тој сепак ги негирал обвинувањата за сексуална злоупотреба на актерката, Милена Радуловиќ, но и останатите ученички во неговата школа.
Изјавил дека тие обвинувања не се точни и дека не знае зошто го рекле тоа – дознава Блиц од извори во Обвинителството.
Обвинителот предложил притвор за шеесет и осумгодишниот, Алексиќ. Тој беше уапсен вчера поради постоење основи на сомнение дека ги извршил кривичните дела силување и недозволени полови дејствија.
Тој е осомничен дека во периодот од 2012 до 2020 година во просториите на школата за глума во Белград, сексуално вознемирувал пет свои ученички. Меѓу нив е и актерката, Милена Радуловиќ која прва во јавноста излезе со потресно сведоштво за тоа дека Алексиќ ја силувал кога имала 17 години и тоа повеќе пати. По ова, Алексиќ го пријавија уште 4 девојки.
За кривичното дело силување и сексуално вознемирување на малолета жртва, Кривичниот законик во Србија предвидува казна од 5 до 15 години затвор.
Извор: telegraf.rs


