И годинава ќе има ваучери за одмор за работниците со ниски примања – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/21 3:39 PM

И годинава ќе има ваучери за одмор за работниците со ниски примања

И оваа година државата ќе продолжи да им доделува ваучери за одмор на работниците со ниски приходи во домашните туристички капацитети, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според Бектеши, поддршката ќе изнесува 12.000 денари по апликант, а јавниот повик ќе биде објавен во првата половина од годинава. Доделување на ваучерите ќе биде по принципот „прв дојден, прв услужен“.

-Продолжуваме со мерката организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања по семејство не го надминуваат нето износот од 30.000 денари. Ефектите од ваучерите лани, за време на пандемијата, дадоа резултат, посебно за домашните туристички капацитети, рече Бектеши и додаде дека лани беа искористени над 65.000 ваучери.

За оваа мерка годинава се предвидени вкупно 15 милиони денари.

Осврнувајќи се на програмите на Министерството за годинава, Бектеши потсети дека поддршката за туристичко-угостителскиот сектор беше вклучена во сите досегашни, четири антикризни пакети.

-Продолжуваме со интензивна поддршка и годинава за што, со Програмата за развој на туризмот се предвидени 31 милион денари. Со оваа Програма се предвидени мерки за промоција на туристичката понуда на државата и тоа: за дигитален маркетинг за туристичкиот потенцијал 11,5 милиони денари, субвецнии за опрема и алатки за подобрување на активен туризам 3,5 милиони денари, субвенции за туристички цели на селски домаќинства пет милиони, за промоција на еколошки зони 1,5 милиони и за кампања за безбедно патување, еден милион денари, информира џа безбедно патување.

 

МИА