Како што пренесуваат агенциите, повикувајќи се на кинеските медиуми, пред една недела заробените рудари во јама успеале да испратат порака на која што пишувало: „Не престанувајте да се обидувате да дојдете до нас, живи сме“.
Пораката била испишана со молив и пуштена низ спасувачки канал. Дванаесет рудари биле живи, а за судбината на другите десетмина не знаел.
Рудникот во близина на градот Јантаи во провинцијата Шангдонг бил во фаза на реконструкција во моментите кога се случила експлозијата пред седум дена. Повеќе од 300 работници се обидуваат да ги отстранат препреките и дупчат нови отвори во камените ѕидови со цел да дојдат до просторот каде што се наоѓаат работниците. Рударите од отворот на јамата се оддалечени околу 600 метри.