Пандемијата ја стави во мирување единствената традиција на фрлање на крст на Водокрст во тетовската црква Света Богородица – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/21 2:40 PM

Пандемијата ја стави во мирување единствената традиција на фрлање на крст на Водокрст во тетовската црква Света Богородица

Празнувањето на Богојавлание Водокрст со положување на светиот крст е традиција која ја има само во црквата Света Богородица во Тетово. Но, годинава овој уникатен обичај не се одржи поради пандемијата.

Граѓаните поделени. Некои сметаат дека сепак со почитување на мерките можело да се продолжи традицијата. Некои пак сметаат дека фрлањето на крстот може да почека до наредната година, најважно е здравјето на граѓаните.

Од Црковниот одбор велат дека така им наложиле црковните власти.  Да нема фрлање на крст во светите води, за да не дај боже како што велат не се повторела сликата од Вевчани.

Традицијата на положување на светиот крст во водите на базенот од црковниот двор е традиција стара повеќе од 3 децении, но пандемијата годинава ја стави во мирување.

Зоран Димовски