Адреналин: Искачување по замрзнатите водопади на Патишка Река (ФОТОГАЛЕРИЈА) – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/21 2:06 PM

Адреналин: Искачување по замрзнатите водопади на Патишка Река (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Дваесетина алпинисти и планинари од неколку македонски градови вчера се качуваа по замрзнатите водопади на Патишка Река. До собирот дошло спонтано, откако алпинистите слушнале дека водопадите замрзнале, па не можеле да му оддолеат на предизвикот.

– Малку адреналин, малку уживање во овие прекрасни природни убавини на нашата земја – велат алпинистите.

Водопадите на Патишка Река се на дваесетина километри од Скопје, на надморска височина од 1.600 метри под Остри Врв на планината Јакупица. Речиси секоја зима замрзнуваат, па на мразот се нов предизвик за алпинистите.

Фотографии: Зоран Мајсторски