Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово бил казнет пратеник, кој зборувал на мобилен додека возел.
-Полициски службеници од СВР Скопје денеска (18.01.2021) му врачија платен налог на пратеникот М.К., кој го прекршил Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со тоа што зборувал на мобилен телефон додека го управувал своето возило на патот Куманово-Скопје. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта во Република Северна Македонија, информираат од МВР.
ММС неофицијално дознава дека станува збор за пратеникот Мартин Костовски, кој се движел од Куманово кон Скопје. Според МВР, Костовски треба плати глоба од 40 евра.

Со најновите измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиуштата возачот на моторно возило, за време на управувањето со возилото не смее да користи мобилен телефон, ниту други уреди на начин кој би ја намалил можноста за реагирање и сигурно управување со моторното возило. По исклучок, мобилен телефон и други уреди можат да се користат за време на управување со моторно возило, ако притоа се употребува направа која овозможува нивно користење без употреба на раце. Во спротивно предвидена е глоба во износ од 40 евра во денарска противвредност.
Пред три часа, пак, пратеникот Костовски, на својот профил на Фејсбук објави видео во кое додека, како што самиот рече, вози кој Собранието, ги фали политиките на неговата партија.
📌Доаѓаат убави денови за Јавните претпријатија во Куманово и државата ❗️
📌Предлог-закон за отпис на камати и…Posted by Мартин Костовски on Monday, January 18, 2021


