(ФОТО) Озил пристигна во Истанбул, Фенер конечно го доби својот фан – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/21 1:41 PM

(ФОТО) Озил пристигна во Истанбул, Фенер конечно го доби својот фан

Играчот од средината на теренот на Арсенал, Месут Озил, изминатата вечер слета во Истанбул во пресрет на медицинските прегледи пред трансферот во еден од најголемите турски клубови.

Триесет и двегодишниот германски фудбалер има уште сезона ипол до обработување со матичниот клуб, но како позајмен фудбалер ќе го напушти Арсенал и ќе го облече дресот на тимот за кого навива, Фенербахче.

Во 2013 година Озил од Реал Мадрид за 42 милиони фунти се пресели на „Емирати“ и му помогна на тимот од северен Лондон да освои три титули во ФА Купот.

За турски „NTV“ Oзил изјави дека е пресреќен за трансферот и дека дресот ќе го носи со многу гордост.

Да се потсетиме, германскиот интернационалец нема истрчано на тревникот од март минатата година.

 

 

 

 

Фото:

Twitter/ @Fenerbahce