Млад лекар не се капел пет години, тоа му го променило и мирисот и животот – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/21 1:18 PM

Млад лекар не се капел пет години, тоа му го променило и мирисот и животот

Младиот лекар ,Џејмс Хемблин ја објави книгата „Чистота – нова наука за кожата и убавината со многу помалку напор“.

Книгата е резултат на неговото петгодишно опсежно истражување.

Една од придобивките на оваа чудна навика, како што вели  е што неговата кожа станала поквалитетна но и го сменила мирисот.

 „Кога ќе им кажам на луѓето дека не сум користел сапун и не сум се истушрал веќе пет години, тие обично се шокираат. Се разбира, сето тоа се случува среде пандемија, па критиките со кои се соочив беа уште полоши. Пред пандемијата, и за време на неа, како и сега, редовно ги миев рацете. На крајот на краиштата, јас сум доктор во Јеил школа за јавно здравје, не ми ни паѓа на памет да не ги мијам рацете – вели овој 37-годишник.

Сепак, неговиот пристап кон туширање и капење, вели тој, е минималистички, а исто така објасни каде се’ , според него се греши кога станува збор за хигиената.

„ И меѓу нас миришливите , има сè повеќе случаи на акни, егзема, псоријаза и слични автоимуни заболувања. Најлошо од сè, што ние се фокусираме само на отстранување на мирисите – сите истражувања покажуваат дека и покрај тоа што се миеме повеќе од кога било, сепак не ги миеме правилно рацете а тоа е најважно – вели Хемблин.

Тој вели дека се обидел да експериментира со намалување на сапунот и детергентот што ги користи.

„ Бидејќи ги користев сè помалку, ми требаше се’ помалку. Кожата ми стана помалку мрсна, егземата започна да се повлекува. Вистина е, не мирисам на лаванда, но се ослободив и од смрдеата на кромидот што ја имав под пазувите на почетокот, кога само престанав да користам дезодоранс. Сега мирисам на човечко суштество. Луѓето сметаат дека секој што не мириса на парфем не е чист. Тоа едноставно не е точно – вели тој.

Тој исто така наведува дека мирисите на телото се разликуваат од ситуацијата во која се наоѓаме, а го спомна и случајот со неговата пријателка која долго време  не успевала  да се избори со проблемот со акните.

– Дали знаете што само и помогна? Кога стави сè надвор од употреба – проба антибиотици и апчиња за контрацепција и многу други опасни третмани од кои можеше да  има сериозни последици. Дури кога престана да зема било што, по неколку месеци кога кожата и беше премногу мрсна, работите се смирија целосно – вели Џејмс, додавајќи дека смета оти препишувањето на антибиотици на лица со акни е сосема погрешно.

На крајот, тој заклучува дека антибиотиците се користат премногу во денешно време. Проблемот ќе се појави  кога ќе престанат да делуваат. Микробите во и на нашата кожа се многу важни, но тој екосистем допрва треба да се  открива и истражува.

kurir.rs