Извлечени се телата на двајца членови на екипажот на товарниот брод што потона во водите на Црното Море, јавува Агенција Анадолија (AA).
Акциите за спасување, и покрај лошите временски услови, продолжуваат во присуство на припадниците на турските поморски сили.
Гувернерот на турскиот град Бартин, Синан Ѓунер, претходно изјави дека товарен брод што пловел под руско знаме потонал во близина на местото Инкуму.
Ѓунер за новинарите изјави дека било тешко да се дојде до точни информации за потонатиот брод, бидејќи toj немал никаква врска со пристаништето во турскиот град Бартин, од каде што е соопштено дека потонал брод.
Тој напомена дека официјалните лица од Анкара потврдиле дека бродот не пловел под руско знаме, туку под знамето на Република Палау.
Ѓунер рече дека бродот под името „Арвин“ се движел од Грузија кон Бугарија и дека поради лошите временски услови се доближил до пристаништето во Бартин, а во него имало 13-член екипаж.
„Досега се спасени петмина од вкупно 13 членови на посадата. Спасувачките екипи ги префрлија на чамец телата на двајца членови на посадата што ги загубија животите при потонувањето на бродот. Се обидуваме да стигнеме до уште двајца членови на екипажот, кои чекаат на чамец да им се пружи помош“, истакна Ѓунер.
Напомена дека сите членови на екипажот се државјани на Украина, а не на Русија, како што претходно беше соопштено.
Тој додаде дека спасувачките операции биле попречувани од многу лошите временски услови во Црното Море.
Ѓунер претходно изјави дека е побарана помош и од други цивилни бродови и дека членовите на екипажот биле на три чамци за спасување.
„Временските услови се лоши и ги спречуваат спасувачките екипи, но ќе се потрудиме да го извлечеме бродот, без оглед дали е поголем или приватен брод“, рече Ѓунер.