После секои поројни дождови долниот дел од реката Пена се излева – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/21 9:17 AM

После секои поројни дождови долниот дел од реката Пена се излева

После секои поројни дождови долниот дел од реката Пена се излева, но за тоа никој не презема одговорност. Причините се јасни. Неисчистеното корито на реката не може да обезбеди нормален проток на водата.

 

Пари се трошат, реката се чисти, но нема никаков ефект. Пена постојано се излева, после секои поројни дождови.

Така беше и минатата недела кога се поплави огромна земјоделска површина лоцирана покрај патот Тетово – Фалише

Од Општина Тетово велат дека реката се чисти, но граѓаните постојан фрлаат разновиден отпад

И покрај ваквата состојба, засега ниту едно лице не е казнето за фрлање на отпад во реката.

Пред еден месец Општина Тетово одвои 2 милиони денари за чистење на речното корито на Пена, но таа и деновиве е затрупана со разновиден смет. 

 

 

Зоран Димовски