Грција ги олабавува рестриктивните мерки – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/21 10:01 PM

Грција ги олабавува рестриктивните мерки

Грција наскоро ќе ги отвори продавниците, а зелено светло ќе добијат и фризерските и козметичарски салони, како и вулканизерските работници.

Во „црвените зони“ каде што нивото на заразени и понатаму е на високо ниво, продавниците ќе продаваат само за онлајн нарачки, а граѓаните ќе можат да дојдат по својата нарачка.

Според податоците на грчките официјални лица околу 140.000 ќе се вратат на работа, додека граѓаните и понатаму ќе треба да праќаат СМС пораки за да се најават каде ќе одат и со која намера.

Грција на почетокот на годината ги заостри мерките против коронавирусот со цел да се избори за се поголемиот број на заразени и починати лица.

Премиерот Кирјакос Мицотакис најави дека Грција ќе ја забрза вакцинацијата против коронавирусот со цел дневно да се вакцинираат околу осум илјади луѓе, за разлика од сегашните пет илјади.