Регионален форум „Процесот на децентрализација во Македонија“ ќе се одржи денеска во општина Велес.
На Форумот ќе се обратат заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада и меѓународниот лидер на програмата Цивика мобилитас Петруш Тоинес.
Најавено е учество и на градоначалниците на општините Велес, Струга и на Гостивар, како и на претставници на граѓанскиот сектор.
Форумот е организиран од страна на Форум – Центар за стратешки истражувања и документација-Скопје, Центарот за економски анализи – Скопје и Институт за развој на заедницата – Тетово, како дел од програмата Цивика мобилитас.
Во рамки на форумот ќе бидат презентирани клучните заклучоци и препораки од истражувањата спроведени од грантистите на програмата Цивика мобилитас: Форум–ЦСИД, ЦЕА и ИРЗ.
Заклучоците и препораките, информираат организаторите, се однесуваат на политиките за рамномерен регионален развој и успешноста на единиците на локалната самоуправа во испорака на законските надлежности и услуги кои ги вршат; (де)централизираниот развој и влијание на граѓанското општество во Македонија; местото и улогата на општинските комисии за односи меѓу заедниците, потенцијалите за ревитализација на месната самоуправа.
Извор:МИА