Македонија загуби со 19 разлика од Египет – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/21 7:34 PM

Македонија загуби со 19 разлика од Египет

Денес во 18 часот во рамките на светското првенство во ракомет кое се одржува во Египет, македонската репрезентација во второто коло во рамките на Г групата, доживеа пораз од репрезентацијата на Египет со резултат 38:19. Македонската репрезентација со подмладен состав загуби со 19 гола разлика.

Првиот пораз го доживеа со екипата на Шведска 30:20, а следниот натпревар се игра со репрезентацијата на Чиле. Овој натпревар ќе се игра на 18 јануари со почеток од 15:30 часот.

 

фото:   ekipa.mk