Професор Давитковски: Судиите од местените предмети да се разрешат(видео) – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/21 3:24 PM

Професор Давитковски: Судиите од местените предмети да се разрешат(видео)

Професорот Борче Давитковски, кој  е малку разочаран затоа што заедно со неколку други професори и експерти бил „исшутиран“ од Советот за реформи, го предупреди министерот за правда Бојан Маричиќ зад реформите да застане  целата влада, сите коалициони партнери за да не испадне пак поделбата на наши и ваши- Вие можете вашите да ги менувате и разрешувате, ама нашите не ги чепкајте.

Според него клучната работа е методологијата за оценка на судиите и правилникот за определување на сложеност на предметите кој треба да биде прецизен со објективни  варијабили и вертикална и хоризонтална проверка, наместо тоа сам да си го оценува судијата или претседателот на судотт.

– Доволно е да се видат местените предмети апропо предлозите за закон за преиспитување на местените предмети и поништување на лустрацијата. Доволно е да се преиспитаат тие предмети, добар дел вратени од Стразбур, по кои постапувале судии и тие да бидат раззрешени.

Професорот Давитковски е разочаран што и новиот состав на Државната комисија е партиски.

– Мора конечно оваа комисија да се професионализира  како и во сите демократски и цивилизирани земји.Замислете за ноторен акт, за ноторен факт они гласаат, се надгласуваат, се пазарат. Не може за закон да се гласа- вели Давитковски во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

фото-лирдер.мк