Армин Лашет (59) е избран за нов лидер на владејачката Христијанско-демократска унија на Германија (ЦДУ), партијата на канцеларката Ангела Меркел.
Изборот се изврши денеска, а Лашет е избран во вториот круг против Фридрих Мерц со 521 глас „за“ и 466 „против“. Третиот кандидат во трката за наследник на Меркел бил Норберт Рајтген.
Лашет, кој е премиер на најнаселената германска покраина – Северна Рајна-Вестфалија од 2017 година, цврсто се залага за продолжување на политиките на Ангела Меркел.