„Направена е работна група за Иборниот законик. Сите имаат претставници. Комисијата почна да работи. Првин ќе ги имплементираме забелешките на ОБСЕ/ОДИХР. Откако тоа ќе се заврши, во наредната фаза ќе се дискутира за изборниот модел, а тогаш СДСМ ќе ги отвори прашањата за отворени листи и ќе се заложува за тоа, заедно со сите други партии кои го имаат тој став. Дали ќе успееме зависи од косензусот. Ако има консензус, ќе го направиме тоа“, рече министерот за правда Бојан Маричиќ во денешната емисија „Стадион“ на „Канал 77“.
Објавено на: 01/16/21 12:37 PM