Гостин во денешниот „Стадион“ на „Канал 77“ е министерот за правда Бојан Маричиќ. На почетокот беше прашан дали има правосуден испит и како го коментира тоа што некои велат дека тој од правосудство знаел само од тоа што татко му некогаш го носел низ обвинителството и судските ходници.
– За мене тоа што сум растел во обвинителско семејство е предност. Немам правосуден испит, но не знам и колкумина од претходните министри за правда имаат положено правосуден испит. Тоа не е предуслов да бидете министер за правда. Имам завршено правен факултет и магистерски студии по европско и меѓународно право. Во однос на тоа сум доволно правно квалификуван. Министерството за правда не е судница, ниту обвинителство. Во него се влегува за да креирате политики кои треба да обезбедат некакви принципи. Судиите треба да судат, обвинителите да обвинуваат и тие за тоа треба да бидат квалификувани – рече Маричиќ.