Новиот тренер на клупата на грчки Панатинаикос, Одед Каташ, имаше деби за заборав, откако Фенербахче убедливо со 100:74 го демолираше најтрофејниот европски клуб во Истанбул.
Повратникот од НБА во Европа и во Фенербахче, Марко Гудуруќ, со 18 поени го предводеше својот тим во еден од натпреварите на колото, а беше солидно следен во чекор од некогашниот кошаркар на Партизан, Јан Весели, кој постигна 12 поени и седум скокови.
Во четвртата минута од дуелот турската екипа направи серија од 18:0 за водство од 31:12 и во тој момент беше и повеќе од јасно во кој правец ќе се движи мечот и што ќе се случи со „зелените“ на ова гостување.
Тренерот на Фенербахче, Игор Кокошков, изрази огромно задоволство поради големата победа, велејќи дека се работи за тимски труд и сите заслужуваат пофалби за прикажаната енергија и конечниот резултат.
Фото:
sportskenovosti.net