Сагата за Џејмс Харден и неговата иднина во Хјустон Рокетс конечно заврши. Во трејд кој опфати повеќе страни, некогашиот кошаркар на Олкахома Тандер потпиша за Бруклин Нетс и се соедини со Кевин Дурант во надеж дека ќе го освои првиот НБА прстен во кариерата.
Триото Дурант-Харден-Ирвинг уште отсега влева страв во коските на противниците и во моментов Нетси од „екипа која е тука некаде“ се претвори во „еден од главните претенденти за освојување на НБА лигата“.
Во првото интервју за јавноста во новиот клуб, Харден не штедеше зборови за себеси и не ги криеше личните и тимските амбиции за тековната сезона. Тој силно верува дека Нетси имаат доволно силен ростер кој ќе ги порази сите останати франшизи и ќе се искачи на врвот на најдобрата светска кошаркарска лига.
-Елитен играч, елитен соиграч, елитен лидер. Човек што ќе направи и жртвува сè за да победи. Со овој ростер и стручен штаб и организација, мислам дека имаме легитимни шанси да бидеме шампиони, изјави Харден.
“An elite player, an elite teammate and an elite leader”
Harden is ready to make an impression in Brooklyn 💯 pic.twitter.com/CQm4DXrk4c
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 15, 2021
“With this roster and this coaching staff and this organization, I think we have a legit chance.”
Harden on contending for a championship with the Nets. pic.twitter.com/1gBrsrVQaB
— NBA TV (@NBATV) January 15, 2021
Фото:
rocketswire.usatoday.com