(ВИДЕО) Стариот лисец Клас Јан Хунтелар во последните минути го сруши Твенте – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/21 8:15 PM

(ВИДЕО) Стариот лисец Клас Јан Хунтелар во последните минути го сруши Твенте

Себастијан Халер во вториот меч за новиот клуб Ајакс го отвори резултатот во седмата минута од мечот, но домаќинот Твенте во 84-тата минута изедначи преку Плегуезуело и го внесе натпреварот во неизвесна завршница.

Кога се чинеше дека Ајакс ќе испушти бодови од дуелот во кој доминираше и создаваше шанси во текот на сите 90 минути, тогаш се појави триесет и седумгодишниот напаѓач. Иконата на Ајакс, веќе ветеранот Клас Јан Хунтелар, влезе во игра во 89-тата минута и по првиот допир со топката го врати водството на клубот од Амстердам и предноста од три бода на врвот на табелата во однос на второпласираниот Феенорд.

Некогашниот играч на Шалке и Реал Мадрид, одлично се снајде во петерецот по асистенцијата на Халер и ја промени бројката на семафорот за гостинската екипа. Но Хунтелар не застана тука. Една минута подоцна Холанѓанецот го оконча резултатот со втор гол и ја осигура важната победа на Ајакс.

Да зборуваме за инстант-импакт на фудбалер во поодминати години…

 

 

 

Фото:

besthqwallpapers.com