Познат актер од серијата Rebelde уапсен поради насилство кон својата девојка – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/21 7:53 PM

Познат актер од серијата Rebelde уапсен поради насилство кон својата девојка

Ѕвездата од мексиканските теленовели, Хосе Елеазар Гомез кој се прослави со улогата на Леонардо во популарната серија Rebelde (Бунтовници) е осуден на затворска казна, откако беше обвинет од својата поранешна девојка Стефаниа Валензуела за брутално претепување, а фотографиите од нејзините повреди почнаа да кружат на Твитер.

Гомез е уапсен откако соседите слушнале повици за помош од куќата во која тој живеел со девојката. Иако се обидел да го сокрие својот идентитет од новинарите во текот на судењето за да не му се уништи кариерата од скандалот, сепак се’ испливало на површина и добил отказ од теленовелата La mexicana y el guero во која играше до неодамна.

-Организиравме кастинг за да најдеме актер што ќе го замени. Тоа што го направи е недозволиво – порачаа од продукцијата.

Откако се дозна за скандалот, во јавноста се обрати и Ванеса Лопез која потврди дека актерот често бил насилен и кон неа додека биле во врска.

Ме гребеше по лицето, се’ уште имам лузни. Ми нанесе осум физички траиуми, но и психички и душевни. Не знам како после инцидентот некогаш ќе се опуштам целосно, тој е монструм – призна таа и откри дека морала да побара и психолошка помош.

 

Извор:  srbijadanas.com