Два дена откако го освои својот прв трофеј во кариерата и откако неговиот нов тим ПСЖ го совлада ривалот Олимпик Марсеј во финалето на Супер Купот на Франција со 2:1, аргентинскиот стратег Маурисио Покетино по последните тестирања е позитивен на Ковид-19.
Од клубот потврдија дека Покетино е позитивен на вирусот и дека ќе се повлече во изолација. Неговите асистенти Хесус Перез и и Мигел Д’Aгостино ќе го предводат Париз Сен Жермен на лигашкиот дуел против Анже.
Фото:
еurosport.com