Србија: Во Агенцијата за лекови се пријавени 12 случаи на несакани реакции на вакцината против корона – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/21 7:07 PM

Србија: Во Агенцијата за лекови се пријавени 12 случаи на несакани реакции на вакцината против корона

Во Србија се пријавени 12 случаи на несакани реакции на вакцината против коронавирусот – соопшти денеска претставникот на Агенцијата за лекови и медицински помагала, Павле Зелиќ. Според него, се работи за вакцината на Фејзер и како што вели, тоа не е невообичаено.

Во интервју за РТС тој наведува дека овде не се сметаат благите реакции како што се црвенило, блага болка и мал оток, наспроти покачената температура, малаксаноста, главоболката и другите симптоми што траат и по неколку дена.

На прашањето дали е точно дека не е добро вакцината да им се даде на луѓе чиј имунитет бурно реагира, тој одговори дека тоа се однесува на некои потешки реакции на организмот (како што е шокот), за што е потребна хоспитализација.

Многу е мал бројот на евидентирани потешки реакции на некои од состојките на вакцината – изјави Зелиќ додавајќи дека допрва ќе се види каква е заштитата што ја обезбедуваат вакцините.

Исто така, тој наведе дека сите вакцини, без оглед на производителот, исто се проверуваат.

 

Извор: danas.rs