Вејн Руни – тренер на Дерби Каунти – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/21 6:37 PM

Вејн Руни – тренер на Дерби Каунти

Сега и официјално, привремениот менаџер кој го замени Филип Коку на крајот на ноември ќе го води Дерби Каунти во следните две ипол години.

Вејн Руни е тренер на тимот од Чемпионшип со кого потпиша договор до 2023 година. Лиам Росениор, Шеј Гивен и Џастин Вокер ќе го сочинуваат неговиот стручен штаб. На деветте меча на кормилото на Дерби, Руни забележа три победи, два порази и четири нерешени резултати.

-Многу сме задоволни од назначувањето на Вејн Руни за наш менаџер. Поправањето на формата во последно време и резултатите под водство на Вејн, особено победата над Свонси од 2:0 и онаа над Бирмингем 4:0, имаат врска со него. За тие девет натпревари под негово водство драматично ја поправиме одбраната, забележувајќи пет „клин шита“, додека пак во нападот станавме многу поефективни и порутинирани, изјави извршниот директор на Дерби, Стивен Пирс.

Легендата на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација исто така не го криеше  своето задоволството.

-Koга првпат се вратив во Велика Британија, бев целосно „оддуван“ од потенцијалот на Дерби Каунти. Стадионот, тренинг центарот, квалитетот на ростерот и младите играчи. И покрај останатите понуди, знаев дека Дерби е клубот за мене. Да се добие ваква прилика и можност, следејќи ги чекорите на Брајан Клаф, Џим Смит, Френк Лампард и Филип Коку, претставува огромна чест, изјави Руни за клупскиот веб-сајт.

Комплетното деби на Руни на кормилото на Дерби ќе биде викендов против Ротерам на домашен терен.

 

 

 

Фото:

goal.com