Оние што го сакаат сутлијашот задолжително треба да се обидат да го направат рецептот кој е образложен во продолжение, бидјеќи со него дефинитивно ќе го засакаат овој десерт уште повеќе! Белата чоколадо во целата оваа приказна додава посебен шмек, а во неа совршено може да се вклопи и кое било црвено овошје. Доколку ги следите сите чекори ќе добиете превкусен десерт.
Состојки: 750мл млеко, 250мл слатка павлака, 250гр ориз, малку сол, 2 ванилин шеќер, 100гр бела чоколада, црвено овошје.
Подготовка: Во тенџере ставете ги сите состојки освен белата чоколада. Гответе на средна температура мешајќи повремено околу 20 минути, додека смесата не се згусне. После тоа, тргнете го сутлијашот од ринглата, додајте ја чоколадата и мешајте додека не се стопи. Истурете го сутлијашот во сад и украсете со свежи малини или пак, со џем.
Десертот може да се јаде топол или ладен, зависи како претпочитате.
На здравје!
Фото: Илустрација / Najbolji Recepti Narkonia
Извор: pink.rs