Кривични пријави за учесниците во саботната вооружена престрелка – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/18 2:01 PM

Кривични пријави за учесниците во саботната вооружена престрелка

Тројцата учесници во инцидентот кои во саботата се случи на улицата 29 ноември во малато покрај реката Пена, се соочија со кривични пријави Убиство во обид.

Министерството за внатрешни работи само кратко информира дека против  тројцата учесници во инцидентот А.М.(49), С.К.(37) и С.К.(36) сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “убиство во обид е поднесена кривична пријава. Инцидентот се случи на 14.07.2018 година околу 02,30 часот на улица 29-ти Ноември

Во Клиничкиот центар – Тетово биле пренесени С.К.(37) кој се здобил со прострелна рана во стомакот, С.К.(36) кој се здобил со прострелна рана во пределот на десната подколеница и М.А. (49) кој се здобил со телесни повреди од физички напад, од каде по укажаната лекарска помош биле пренесени во Комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје за понатамошно лекување.

Детали од полицијата за инцидентот нема, но според кажувањата на жителите од ова тетовско мало, 49 годишникот дошол во малото со цел да расчисти одредени недоразбирања со 37 годишникот и неговиот една година помлад брат. Започнале расправија, при што во еден момент М.А извадил пиштол и пукал кон браќата, а во вооружената престрелка тој е удрен со ладно оружје по глава, при што се здобил со сериозни провреди.

Браќата живеат во тетовско мало на улицата 29 ноември каде се случила вооружената престрелка, а третиот учесник е жител на тетовската населба Теќе.

Зоран Димовски