Годинава ќе нема гас до струмичките ниви оти патот Струмица –Дабиље ќе се реконстурира – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/21 3:46 PM

Годинава ќе нема гас до струмичките ниви оти патот Струмица –Дабиље ќе се реконстурира

Пуштањето гасоводен крак до струмичките ниви се одлага. Иако ова година требаше да се пушти линија со гас до населеното место Дабиље, заради најавената реконструкција на патниот правец до ова село, нема да има гасификација на првите пластеници иако беше најавено дека тоа ќе се случи со кредитот земен од Светска Банка.

Од Струмица гас потврдија дека пуштање гасоводен крак до Дабиље се одлага за иден период бидејки требало да се реконстурира патот Струмица- Дабиље. Средства што биле планирани за овој потег ќе се насочат кон проширување на гасоводната мрежа во градот. Ќе биле опфатени нови улици но и ќе се пушта крак до новата детска градинка во струмичката касарна.

Од министерството за транспорт и врски кои го најавуваа овој проект преку Државни патишта не конкретизираа кога ќе се случи проширувањето на патот Струмица-Дабиље за да се пристапи и кон гасифицирање. Министерот Бочварски кусо кажа дека проектната докуметнација е готова и се работи на обезбедување пари.

Гасифцирањето на Дабиље и околните ниви се планираше со кредитот што општината го доби од Светска Банка во висина од 26 милиони денари со рок на враќање од 13 и грејс период од 3 години.

Ване Трајков