Грчкиот парламент го усвои нацрт-законот кој предвидува купување на 18 воени авиони од типот „рафал“ од Франција, јавува Анадолија (АА).
На парламентарната седница беше усвоен овој нацрт закон за купување на 18 воени авиони, од кои шест нови и 12 половни, кои ќе чинат 2,5 милијарди евра.
Министерот за одбрана на Грција, Никос Панајотупулос, по гласањето тврди дека овој нацрт-закон кој помина од парламентот „праќа јасна порака кон секоја насока“.
Се вели дека првата испорака од Франција ќе биде извршена во јули, додека испораката на сите 18 авиони ќе трае до средината на 2023 година.