ТВОЈА партија бара Премиерот Заев веднаш да преземе активности во насока на оставка или разрешување на Министерот за политички систем, Артан Груби, заради прекршување на
- Законот за Влада (член 13),
- Законот за организација и работа на органите на државната управа (член 3 и 49),
- Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата (член 4, 5, 6, 11, 18 и 23),
- Протоколот за превентивните мерки во врска со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид19 и
- Член 206 од Кривичниот законик.
Прославата на роденден на партиски лидер во простории на државна институција од страна и во присуство на поголем број министри, испраќа до граѓаните порака дека:
- Секој вработен во било кое министерство може да организира роденденска прослава за 500 евра, без никакви други последици
- Министерствата се отворени за приватни настани, а вработените, особено оние на високи позиции, не се обврзани да ги почитуваат законите
- Постои апсолутна партизација на државната структура
- Наместо административна и функционална хиерархија, постои партиска хиерархија со презентирање сила на надмоќност
- Наместо заштита на законите, високите функционери практикуваат прекршување на законите
- Помеѓу граѓаните и високите функционери постои голема разлика во правата и бенефициите, меѓутоа казните не ја следат оваа разлика.
Во услови на пандемија, однесувањето на високите функционери во власта претставува еден од најмоќните орудија на промоција и диссеменирање на препораките на здравствените власти и нивниот пример создава услови било за поголемо почитување на овие мерки било за нивно обезвреднување.
Негативните последици се веќе видливи и несомнени. Во сите ситуации во кои е направено прекршување на мерките во врска со пандемијата (бадникарски огнови, Вевчанскиот карневал, причести во црквите) се прави споредба со постапката на функционерите и се дезавуира казнувањето од страна на државните органи.
На светско и посебно на европско ниво, политичката и моралната одговорност на високите функционери се сфаќа многу сериозно и претставува дел од вообичаеното однесување и постапување на оние кои се на власт.
Твоја партија