На парада во Северна Кореја, Ким го покажа „најмоќното оружје на светот“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/21 9:18 AM

На парада во Северна Кореја, Ким го покажа „најмоќното оружје на светот“

На синиќешната воена парада во Пјонгјанг, Северна Кореја го претстави новиот вид балистичка ракета што се лансира од подморница, наведуваат безбедносни експерти.

Парадата се одржа на плоштадот Ким Ил-сунг, откако во вторникот Пјонгјанг го заврши осумдневниот конгрес на владејачката Работничка партија, на кој лидерот Ким Џон-ун вети дека ќе го зајакне нуклеарниот арсенал.

Според фотографиите објавени од севернокорејската агенција КЦНА, лансирана била ракетата SLBM, што веројатно е означена како „Пукгуксонг-5“, заедно со различни балистички ракети на цврсто гориво и друго оружје.

Севернокорејските државни медиуми ја нарекуваат ракетата SLBM „најмоќното оружје во светот“.