Најмногу снег до 7 часот утрово има наврнато во Битола – 28 сантиметри. Потоа, според УХМР, следуваат: 13 сантиметри во Крушево, 12 – Охрид, 7 – Берово, Дебар, Претор, 6 – Скопје-Петровец, 5 – Тетово, 3 – Крива Паланка, Штип, Прилеп, Пожаране, 2 – Струмица, 1 Скопје-З.Рид, Куманово, Д.Капија.
Утрово и најниската температура е измерена во Битола -13, -11 во Крушево, -9 Берово, Претор, Дебар, -8 Тетово, Охрид, Прилеп, Пожаране, -7 Ѓуриште, -6 Кр.Паланка, Виница, -4 Струмица, Куманово, -2 Скопје-З.Рид, Штип, Д.Капија, 2 Гевгелија.