Сончево со умерена облачност и студено ќе биде, според УХМР, времето денеска. Минималната утринска температура се очекува до достигне до -10, а максималната дневна до +6 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, а во текот на ноќта во југозападните делови ќе провејува слаб снег.
За време на викендот и во почетокот на наредната седмица ќе преовладува претежно суво и многу студено време, со дневни температури кои во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Ќе дува слаб до умерен, а за време на викендот вдолж Повардарието засилен северен ветер. В сабота ќе има локални слаби врнежи од снег.



